Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кнесетот усвои вонреден закон за борба против Ковид-19

Кнсетот денеска усвои вонреден закон со кој и се дозволува на Владата да ги заобиколи парламентарните одбори при донесување на итни одлуки за борба против новиот бран на Ковид-19

Ерусалим, 7 јули 2020 (МИА) – Кнсетот денеска усвои вонреден закон со кој и се дозволува на Владата да ги заобиколи парламентарните одбори при донесување на итни одлуки за борба против новиот бран на Ковид-19.

Вонредниот закон е донесен со цел владините одлуки за борба против Ковид-19 да можат веднаш да стапат во сила.

Дел од опозициските пратеници го осудија занемарувањето на законодавците наведувајќи дека тоа е уште еден чекор во поткопувањето на основите на израелската демократија.

Новата одлука е донесена еден ден откако израелската Влада повторно воведе рестриктивни мерки за сузбивање на новиот коронавирус. Забранети се собири и повторно се затворени рестораните, кафулината, театрите, вежбалниците и базените.

Во Израел, по укинување на мерките, се пријавуваат над илјада новозаболени лица дневно. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close