Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кнесетот ќе гласа за легализација на канабисот

Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“.

Тел Авив, 21 јуни 2020 (МИА) – Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“.

Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд.

– Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична вест за борба на повеќе од еден милион граѓани и за десетици илјади пациенти кои чекаат на денот кога државата Израел ќе престане да ги третира како криминалци, рече Хаскел.

Според законот, канабисот ќе биде дозволен за употреба за израелски државјани на возраст над 21 година, со исклучок на оние граѓани кои работат во безбедносните служби, додава „Ерусалим Пост“. ссм/

Back to top button
Close
Close