0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Клупи и училишни столчиња донација од турска фондација за текстилното тетовско училиште

Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ од Тетово денеска ги промовираше новите училишни столови и клупи донација од турска хуманитарна фондација. Во знак на благодарност до донаторите училиште огранизираше пригодна свеченост.

Тетово, 24 февруари 2020 (МИА) – Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ од Тетово денеска ги промовираше новите училишни столови и клупи донација од турска хуманитарна фондација. Во знак на благодарност до донаторите училиште огранизираше пригодна свеченост.

-Станува збор за донација од турската организација ИХХ. Од денеска со нивна помош имаме обезбедно 70 клупи и 100 столчиња за шест училници. Ние се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме со цел да се унапредат условите за работа во нашето училиште, изјави Севдие Мустафаи, директорка на училиштето.

Во мај 2019 година фондацијата ИХХ донираше средства за опремување на новоопременото студио за дизајн на облека и ентериер. Една од училниците во текстилното училиште беше пренаменето во студио-работилница и опремено со современ инвентар и школски прибор со цел практична настава да изведуваат паралелките за дизајн на облека и дизајн на ентериер. ас/сст/

Back to top button
Close
Close