0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп за трансферот на Кутињо во Барса: Немавме шанси против нив

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за деталите за трансферот на играчот од средниот ред Филипе Кутињо во Барселона.

Ливерпул, 7 април 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за деталите за трансферот на играчот од средниот ред Филипе Кутињо во Барселона.

– Од првата секунда ја почитував одлуката на Филипе. Неколку недели порано, со него беше потпишан нов договор, но против Барса немавме никакви шанси. Беше тешко за нас, затоа што немаше многу опции. Заради повреда го загубивме Адам Лалана, па во краток временски период изгубивме двајца играчи. Покрај тоа, беше невозможно да се реши нашиот проблем на трансфер пазарот. Ливерпул немаше време да потпише новодојденци. Кутињо не го форсираше трансферот, и беше навистина кул, така што следниот трансфер прозорец мораше да се биде искрен и да му се дозволи да оди, рече Клоп.

Кутињо се пресели во Барселона зимата 2018 година за 120 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close