0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп за одбраната на титулата: Ова е смешно, кога Борусија и јас го освоимвме трофејот, никој не рече дека треба да го сториме тоа повторно

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за тоа дали неговиот тим е во можност двапати по ред да го освои шампионатот на Англија.

Ливерпул, 30 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за тоа дали неговиот тим е во можност двапати по ред да го освои шампионатот на Англија.

– Слушнав дека луѓето велат дека можеме да ја одбраниме титулата, но ова е смешно. Ова е чисто англиски јазик. Кога со Борусија станавме шампиони во 2011 година, никој не ни рече дека треба да го направиме тоа повторно. Луѓето можат да очекуваат од нас уште една победа во првенството. Можно е, не знам, но кога размислувам за следната сезона, не размислувам за освојување на шампионатот, истакна клоп.

Ова не значи дека не го сакаме тоа, туку само дека треба да направиме многу, додаде германскиот стручњак. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close