0_Спорт.ПорталФОТО ЗА ПРЕВЕДУВАЧИФудбал

Клоп сака да го ангажира Нојхаус, но Ливерпул нема да може да плати 40 милиони евра

Премиерлигашот Ливерпул останува заинтересиран за играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус.

Ливерпул, 30 јули 2021 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул останува заинтересиран за играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус.

За потписот на 24-годишниот фудбалер, лично е заинтересиран тренерот на „Црвените“ Јирген Клоп.

Сепак, трансферот е тешко остварлив во скоро време. Има доволно централни играчи од средниот ред во Ливерпул во моментов.

Покрај тоа, Нојхаус е прескап за Ливерпул, според „Спорт 1“, Борусија сака да добие 40 милиони евра за Германецот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close