0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп: Речиси е невозможно да се влеземе во ЛШ преку Премиер лигата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во интервју за поранешниот капитенот на германската фудбалска репрезентација Лотар Матеус, зборуваше за неуспесите на неговиот тим оваа сезона.

Лондон, 17 март 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во интервју за поранешниот капитенот на германската фудбалска репрезентација Лотар Матеус, зборуваше за неуспесите на неговиот тим оваа сезона.

– Противниците обично не треба да создаваат многу шанси на натпреварите против нас, затоа што ние правиме страшни, луди грешки. Тие можат да се наречат фарса. Од друга страна, создаваме многу шанси, втори сме по Манчестер сити во Премиер лигата по можностите, но далеку сме од нив според бројот на постигнати голови. Реализацијата е проблем со кој се соочуваме цела сезона. Се обидувам да бидам оптимист, но влегувањето во Лигата на шампионите преку Премиер лигата ќе биде скоро невозможно со оглед на местото во кое сме во моментов, истакна Клоп.

Герет Бејл повторно игра во форма за Тотенхем, и тие земаат интензитет. Плус Сити и Манчестер јунајтед се далеку напред. Челзи е во подем. Ќе биде тешко да се стигне до Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а ние тоа го знаеме. И Лигата на шампионите обично не се освојува во сезона со толку многу повреди. Го знаеш тоа Лотар, додаде Клоп.

Ливерпул од 29 натпревари во Премиер лигата има 46 бода и се наоѓа на 6. место. Челзи кој е најблиска екипа од зоната која обезбедува учество во Лигата на шампионите има 51 бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close