0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп разочаран од перформансите на Ливерпул против Саутемптон

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, упати критики до своите фудбалери за изданието во синоќешниот пораз (0:1) на гостувањето кај Саутемптон во мечот од 17. коло во Премиер лигата.

Саутемптон, 5 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, упати критики до своите фудбалери за изданието во синоќешниот пораз (0:1) на гостувањето кај Саутемптон во мечот од 17. коло во Премиер лигата.

– Почетокот на натпреварот најмногу ме вознемири. Не само примениот гол во првите минути, туку и играта на Ливерпул воопшто. Треба да му ја честитаме победата на Саутемптон, тимот го заслужи тоа. Совршено добро знаевме што да очекуваме од противникот. Се чинеше дека нема со што да се изненадиме, но изгледавме изненадени. На почетокот игравме лошо, постојано губевме топки. Беше потребно да се игра многу подобро, му препуштивме сè во рацете на противникот, изјави Клоп за Би-би-си.

Ливерпул е на првото место на табелата во Англиското фудбалско првенство со 33 бода, исто толку има Манчестер јунајтед на второто место, но и натпревар помалку.

Поразот кај Саутемптон беше втор за „црвените“ оваа сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close