0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп: Победа на гости кај Тотенхем е нешто посебно

Ливерпул вечерва успешно мина уште една пречка во походот кон трофејот во Англиското фудбалско првенство. Совладан е Тотенхем на гостински терен со 1:0. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим заслужено го освои бодовите.

Лондон, 11 јануари 2020 (МИА) – Ливерпул вечерва успешно мина уште една пречка во походот кон трофејот во Англиското фудбалско првенство. Совладан е Тотенхем на гостински терен со 1:0. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим заслужено го освои бодовите.

– Резултатот е пред сè заслуга на целиот тим. Победата на гостински терен кај Тотенхем е нешто посебно. Фактот дека исходот од натпреварот не беше заклучок по 50-60 минути е наша вина. Сепак до крајот го приведовме натпреварот без да примиме гол, изјави Клоп.

Благодарение на победата, јас сум на седмото небо, но треба да разговараме за нашата игра. Требаше да постигнеме повеќе голови, тоа е точно. И можевме да постигнеме повеќе и моравме да го сториме тоа, особено на овој стадион против тим како Тотенхем, дополни Германецот.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата без изгубен меч повеќе од една година. Последен пат „црвените“ беа поразени на 3 јануари 2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close