0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп по победата над Арсенал: Игравме одлично

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од изданието на неговите избраници на дебито со Арсенал.

Ливерпул, 29 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од изданието на неговите избраници на дебито со Арсенал.

Ливерпул синоќа ги совладаа „топчиите“ со 3:1.

  • Доминиравме против тим во добра форма и бевме прилично внимателни да не бидеме загрозени од противнапад. Нашиот голман Алисон мораше да направи една одбрана, противникот имаше уште две шанси, но ова е фудбалот. Игравме одлично вечерва. Ништо лошо не може да се каже за оваа игра. Заслужено ги освоивме бодовите, истакна Клоп.

Ливерпул заедно со Лестер и Евертон се трите екипи кои имаат максимални три победи по почетните три кола во англиската Премиер лига. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close