0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп не смета дека гласините за Салах ќе влијаат на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите ставови околу гласините за интерес на шпанските гиганти Реал и Барселона за напаѓачот Мохамед Салах.

Ливерпул, 24 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите ставови околу гласините за интерес на шпанските гиганти Реал и Барселона за напаѓачот Мохамед Салах.

– Не мислам дека има големо влијание врз тимот. Ова е нормална ситуација за целиот светски фудбал. Во повеќето случаи, работите не се како што се шпекулира. Малку е веројатно дека ова ќе го наруши мирот во Ливерпул, изјави Клоп.

Во сезоната 2020/21, Салах забележа 27 настапи за Ливерпул, има 17 погодоци и четири асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 28-годишниот Египќанец на 120 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close