0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп не се откажал од Кулибали, Мане работи на случајот

Според „Паризиен“, менаџерот на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп, сака да формира пар помеѓу Сенегалецот и Вирџил ван Дајк и верува дека клубот ќе го поддржи, иако Ливерпул веќе направи два сериозни трансфери кон крајот на минатата недела кога ги доведе Тијаго Алкантара и Диого Жота.

Ливерпул, 23 септември 2020 (МИА) – Ливерпул сè уште не се откажал да го привлече централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали.

Според „Паризиен“, менаџерот на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп, сака да формира пар помеѓу Сенегалецот и Вирџил ван Дајк и верува дека клубот ќе го поддржи, иако Ливерпул веќе направи два сериозни трансфери кон крајот на минатата недела кога ги доведе Тијаго Алкантара и Диого Жота.

Изданието тврди дека напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, исто така, се обидува да придонесе за трансферот, убедувајќи го својот сонародник дека би било најдобро за неговата кариера да се пресели на „Енфилд“.

Многу сериозен интерес за Кулибали имаат и Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, па дури се тврди дека дефанзивецот постигнал принципиелен договор со „граѓаните“.

Наполи сака меѓу 70 и 80 милиони евра за централниот дефанзивец.

Таг
Back to top button
Close
Close