0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп не е сигурен дали Ливерпул ќе купува играчи во текот на зимскиот преоден рок

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е сигурен дали тимот ќе се засилува во зимскиот преоден рок.

Ливерпул, 4 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е сигурен дали тимот ќе се засилува во зимскиот преоден рок.

– Имаме можност да ги решиме проблемите, со оглед на сегашниот состав, не знам дали ќе донесеме некој во зима. Овој преоден рок е многу сложен. Малкумина имаат пари. Да се ​​направи нешто само колку да се рече дека се направи е бесмислено. Мора да ја направиш вистинската работа, изјави Клоп.

Ливерпул кој е бранител на шампионскиот трофеј во Премиер лигата, по 16 кола е лидер на табелата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close