0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Клоп: Мораше да изгубиме во одреден момент

„Стршлените“ ставија крај на серијата од 18 последователни победи и 44 натпревари без пораз на „црвените“ во дуел од Англиското првенство.

Ватфорд, 1 март 2020 (МИА) – Ливерпул повторно може да игра ослободен од напнатост, одговорност и притисок за рекорди, изјави менаџерот Јирген Клоп откако „црвените“ загубија со 0-3 против Вотфорд.

„Стршлените“ ставија крај на серијата од 18 последователни победи и 44 натпревари без пораз на „црвените“ во дуел од Англиското првенство.

– Мораше да изгубиме во одреден момент. Дефинитивно не сакавме тоа да се случи, но ние бевме целосно свесни дека тоа беше неизбежно. Сепак, јас ја гледам позитивната страна. Сега можеме да играме повторно слободно, а не само да бркаме победи како и секогаш. Не е лесно да се објасни зошто не победивме, но не треба тоа да го сметаме како најголема сензација во светот на фудбалот. Загубивме само еден меч и јас не го прифаќам ова за недозволиво. Овој натпревар беше важен, но поразот не е најголема катастрофа, изјави Германецот по мечот.

Таг
Back to top button
Close
Close