0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп има резервна опција во случај на неуспех со Тијаго

Според „Сан“, менаџерот на шампионите го идентификувал играчот од средниот ред на Борнемут, Дејвид Брукс, кој е вреден околу 35 милиони фунти.

Ливерпул, 9 август 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Баерн (Минхен) Тиаго Алкантара изгледа многу блиску до Ливерпул, но во секој случај, Јирген Клоп обезбеди резервна опција доколку договорот пропадне.

Според „Сан“, менаџерот на шампионите го идентификувал играчот од средниот ред на Борнемут, Дејвид Брукс, кој е вреден околу 35 милиони фунти.

Дваесет и три-годишниот играч играше многу малку во Премиер лигата минатата сезона, бидејќи беше повреден долго време. Испаѓањето на Борнемут му дава можност на Брукс да побара реализација во посилен тим, а за него се заинтересирани и Њукасл, но сигурно „црно-белите“ немаат намера да платат толку многу пари.

Таг
Back to top button
Close
Close