0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп: Холанд не е единствениот опасен играч во Салцбург

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го забележа талентот на напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Холанд пред натпреварот од 6. коло од групната фаза од Лигата на шампионите меѓу двете екипи.

Ливерпул, 10 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го забележа талентот на напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Холанд  пред натпреварот од 6. коло од групната фаза од Лигата на шампионите меѓу двете екипи.

Деветнаесет годишниот Норвежанец е втор стрелец во Лигата на шампионите со осум гола.

– Тој има само 19 години, исклучителен е Има голем талент и светла иднина. За жал, Холанд не е единствениот опасен играч кај нашиот противник. Мора да докажеме дека заслужуваме да стигнеме до плејофот. Овој дуел ќе биде најважен за нас во досегашниот дел од сезоната. Имаме добра позиција во групата, но далеку од брилијантна, изјави Клоп.

Средбата Салцбург – Ливерпул с еигра вечер од 18:55 часот на „Ред бул арена“ во Салцбург.

На табелата во Е-групата, Ливерпул е прв со 10 бода, Наполи има 9, Салцбург 7, Генк 1. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close