0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп: Големите клубови треба да им помагаат на малите

Клубовите од второ, трето и четврто ниво, кои се под капата на англиската фудбалска лига, речиси и да немаат приходи поради недостаток на публика на стадионите и им е тешко да ги полнат своите буџети.

Ливерпул, 26 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека големите клубови во Премиер лигата мора да најдат начин да им помогнат на тимовите од пониските дивизии во Англија, кои најмногу страдаа финансиски поради пандемијата на коронавирус.

Клубовите од второ, трето и четврто ниво, кои се под капата на англиската фудбалска лига, речиси и да немаат приходи поради недостаток на публика на стадионите и им е тешко да ги полнат своите буџети.

– Најнормално е луѓето што се во подобра позиција да им помагаат на луѓето во тешкотија. Јас не ја разбирам целосно структурата во Англија. Во Германија, на пример, има Бундеслига и Втора Бундеслига, тие ги делат истите проблеми и работите се полесни. Ситуацијата за сите клубови во моментов е комплицирана. Фудбалските клубови мора да си помогнат, прокоментира Јирген Клоп.

Таг
Back to top button
Close
Close