0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп го избра новиот дефанзивец, се чека на преговори

Последните денови се појави информација дека шампионите во Премиер лигата се заинтересирани и за Бен Вајт од Брајтон. На тимот му треба нов централен дефанзивец бидејќи Ван Дајк се здоби со сериозна повреда, поради што најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.

Минхен, 25 октомври 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп направи свој избор кој играч да го земе за да го надомести отсуството на Вирџил ван Дајк, пишува „Мирор“. Се работи за Турчинот Озан Кабак од Шалке 04.

Последните денови се појави информација дека шампионите во Премиер лигата се заинтересирани и за Бен Вајт од Брајтон. На тимот му треба нов централен дефанзивец бидејќи Ван Дајк се здоби со сериозна повреда, поради што најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.

Според „Мирор“, Ливерпул веќе го известил Шалке 04 дека сакаат да го купат Кабак во јануари, кога ќе се отвори пазарот. 20-годишниот дефанзивец е во клубот од Гелзенкирхен од летото 2018 година, кога беше доведен од Штутгарт за 13 милиони фунти.

Бундеслигашот го проценува играчот на 40 милиони фунти, но тимот од Мерсисајд се надева дека ќе гоземат за 20 милиони.

Озан Кабак е дете на Галатасарај и има четири натпревари за репрезентацијата на Турција.

Таг
Back to top button
Close
Close