0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп: Фудбалот е само игра

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не изгледа загрижен поради тоа што тимот може да не ја освои титулата во Премиер Лигата и покрај големата предност во пласманот поради пандемијата на коронавирус.

Ливерпул, 18 март 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не изгледа загрижен поради тоа што тимот може да не ја освои титулата во Премиер Лигата и покрај големата предност во пласманот поради пандемијата на коронавирус.

„Тоа е фудбал, игра. Значи, тоа не е навистина толку сериозно, тоа е само игра. Постојат поважни работи во животот. Затоа, обидете се да останете забавни и да уживате. Дека сум скромен? Секој треба да биде скромен, зошто да не бидете скромни? Која е причината, за да се чувствуваш специјален? Играчите имаат специјален живот на секој начин. Тие прават многу пари, но не можат да одат никаде без сите да ги гледаат. Секоја недела целиот свет гледа во нив, и тие се сè уште млади, она што им треба е верба и самодоверба. Тие треба да разберат дека тие можеби прават големи грешки јавно, но животот продолжува додека ги имате вистинските луѓе околу вас“, изјави Клоп за „Дафл баг Подкаст“.

Таг
Back to top button
Close
Close