0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Клоп: Ако некој од играчите на Ливерпул сака да замине поради пропуштање на ЛШ, тогаш тој не ми треба

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за можното заминување на играчите од тимот доколку „црвените“ ја пропуштат Лигата на шампионите следната сезона.

Ливерпул, 6 март 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за можното заминување на играчите од тимот доколку „црвените“ ја пропуштат Лигата на шампионите следната сезона.

– Знам дека нашите фудбалери се лојални. Не сме во позиција играч да излезе и да каже: Нема да обезбедиме учество во Лигата на шампионите следната година, затоа заминувам. Ова нема да се случи. Премногу добро ги познавам момците. Нема да има проблеми ниту со почетниците. Ако некој не сака да дојде кај нас, затоа што нема да бидеме во Лигата на шампионите следната година, тогаш не ми треба оваа личност. Ако некој сака да го напушти тимот поради пропуштање на елитното натпреварување, тој не ми е потребен, го цитира „Goal“ Клоп.

Ливерпул во моментов е на 7. место во поредокот во Премиер лигата со 43 бода по 27 одиграни натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close