Дописници СветСветСвет.Портал

Клобучар излезе од трката и го подржа Бајден

Сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, денеска изјави дека излегува од трката за претседателска номинација од Демократската партија и дека има намера да го поддржи поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Вашингтон, 2 март 2020 (МИА) – Сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, денеска изјави дека излегува од трката за претседателска номинација од Демократската партија и дека има намера да го поддржи поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Оваа одлука ја донела со цел да ги убеди умерените избирачи да се обединат околу Бајден. Вечерва Клобучар полетува за Далас да се приклучи на митинзите на екс-потпретседателот, јави дописникот на МИА.

Таа трката ја трчаше доволно долго, и успеа да ги надмине и познатите и многу подобро парично потковани претенденти и да освои трето место во Њу Хемпшир. Но на следните прајмерис таа не покажа таков успех.

Од трката синоќа излези и Пит Бутиџич, уште еден претендент за номинација претседателски кандидат. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close