0_Спорт.ПорталКошарка

Клиперси ги победија Лејкерс за потписот на Маркус Морис

Интересот за играчот беше сериозен, но Лејкерс не се согласија да го вклучат Кајл Кузма во договорот.

Лос Анџелес, 7 февруари 2020 (МИА) – Л.А. Клиперс го победи градскиот ривал Лејкерс и го привлече искусниот Маркус Морис од Њујорк Никс на самиот крај на трансфер прозорецот во НБА.
 
Интересот за играчот беше сериозен, но Лејкерс не се согласија да го вклучат Кајл Кузма во договорот.
 
Во договорот се вклучени и „волшебниците“ од Вашингтон, а покрај Морис, и поранешната ѕвезда на Бостон, Ајзеа Томас, доаѓа во Калифорнија.
 
Џeером Робинсон ги напушта Клиперси во насока главниот град на САД, додека Њујорк го доби Мо Харклс, како и избор од првиот круг во 2020 година.
 
Триесет-годишниот Морис има просек од 19,6 поени оваа сезона и додека неговите бројки сигурно ќе паднат, тој се очекува да биде клучна фигура во ротацијата на Док Риверс, бидејќи тој бележи 41,3% од ударите за три поени.

Таг
Back to top button
Close
Close