0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Клиперс поуспешни од Далас

На единствениот натпревар од НБА лигата одигран ноќта меѓу вторник и среда, Лос Анџелес клиперс на гостински терен го победија Далас маверикс со 110:107.

Далас, 22 јануари 2020 (МИА) – На единствениот натпревар од НБА лигата одигран ноќта меѓу вторник и среда, Лос Анџелес клиперс на гостински терен го победија Далас маверикс со 110:107.

Каваи Ленард со 36 поени и 11 скокови беше најдобриот играч во победничкиот тим.

Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 36 поени, 10 скока и девет асистенции.

Клиперс се втори во поредокот на Западната конференција со 31 победа и 13 порази, додека далас со биланс 27-16 се наоѓа на петтото место. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close