Дописници СветСветСвет.Портал

Kларида: БДП на САД ќе порасне во третото тромесечје 

Ричард Кларида, потпретседатeл на Федералните резерви на САД (Фед), очекува оживување на економијата на страната во второто полугодие. Според него, интензитетот на економските активности може да се врати на пред пандемиското ниво до крајот на 2021 година.

Вашингтон, 5 август 2020 (МИА) Ричард Кларида, потпретседатeл на Федералните резерви на САД (Фед), очекува оживување на економијата на страната во второто полугодие. Според него, интензитетот на економските активности може да се врати на пред пандемиското ниво до крајот на 2021 година.

-Економијата на земјата пролетва силно настрада. Мојата лична проценка е дека обновата ќе започне во третото тромесечје, а правецот на екномијата ќе зависи од ширењето на коронавирусот. Тоа е комплицирана слика, изјави Кларида за Си-ен-би-си.

Според него, Ковид-19 се уште не нанел долгорочна штета на економијата на САД, но ризикот станува сѐ поглем колку повеќе трае пандемијата. 

Тој истакна дека Фед се подготвени за измени на своите кредитни програми за обезбедување ефективна помош за економијата. 

Настапот на Кларида се случи кратко време откако државните служби излегоа со неохрабрувачки бројки. 

Бројот на вработувањата само во приватниот сектор на САД во јули се зголемил за 167 илјади, објави книговодственото биро АДП. Економистите за јули очекуваа просечен растеж до 1.6 милиони вработувања вкупно. За споредба, бројот на вработувањата во јуни се зголеми за речисе тројно, или 4.3 милиони. 

Трговскиот баланс на САД е во дефицит, и во јуни опаднал до 50.7 милијарди долари, со рекордно зголемен увоз, јавија денеска од Владата. кб/ 

Back to top button
Close
Close