0_Македонија.ПорталЕкономијаОпштество

ККС против предлогот за намалување на платите во јавната администрација

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на предлогот за намалување на платите во јавната администрација. За нив, овој предлог е неприфатлив. 

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на предлогот за намалување на платите во јавната администрација. За нив, овој предлог е неприфатлив.

Предлагаат да се консултираат експерти и да се носат поприфатливи предлози во оваа ситуација во која државата се справува со коронавирусот.

– Сега се поставува прашањето како наеднаш стопанството колабира за две недели или истото дишело на шкрги две години. Како буџетот пред две недели беше во топ форма, а сега наеднаш издиша или се држи на шкрги две години. Сега е моментот да погледнеме на вистината во очи, да ја признаеме грешката, нема повеќе простор за манипулација и во интерес на државата и целата нација да се побара помош од целата експертска јавност во државата, се наведува во соопштението од КСС.

Од Синдикатот велат дека нема да прифатат минимална плата и бараат заштита од државата. – Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да не деградирате, велат од КСС.

Оттаму изразуваат поддршка до здравствените работници, полицијата, Армијата и до сите вработени во маркетите кои работат во интерес на сите граѓани. бак/лв/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close