Дописници МКДКошаркаОпштински вести

КК „Крива Паланка“ со убедлива победа на првиот натпревар од Суперлигата

Кошаркарките од КК „Крива Паланка" остварија убедлива победа против екипата на ЖКК „Работнички" од Скопје во првиот натпревар од кошаркарската Супер лига.

Крива Паланка, 11 април 2021 (МИА) – Кошаркарките од КК „Крива Паланка” остварија убедлива победа против екипата на ЖКК „Работнички” од Скопје во првиот натпревар од кошаркарската Супер лига.

Натпреварот се одигра денеска во спортската сала „Бранители 2001″ во Крива Паланка, а заврши со резултат 70:43.

Кривопаланчанки се пласираа во суперлигашката фаза благодарение на двете засилувања во ростерот на играчи, Марија Петровиќ и Милена Марјановиќ, а двете беа носители на играта во денешниот натпревар, надополнети со талентираните младински

-Ова е многу голема победа за нас, не само резултатска, туку и во контекст на важноста поради тоа што е прва победа во Супер лигата во која секоја е за нас потврда дека со бчожуи работа, со труд и посветеност може многу да се постигне. Одигравме добар натпревар со одлична одбрана каква што очекувавме од нашите играчи и игра по која се надеваме ќе бидеме препознатливи како тим, благодарение на искуството и експертизата што во клубот ја донесе искусниот стратег Слаѓан Ивиќ кој работи со тимот веќе еден месец. Победата ни донесе задоволство, но она што фрли сенка на истата е повредата на Петровиќ, која се надеваме ќе заздравее побрзо, а оваа победа ѝ ја посветуваме нејзе, изјави тренерот и претседател на Кошаркарски клуб Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Со оваа победа КК Крива Паланка останува во игра за плејофот. Првопласираните четири екипи од Суперлигата ќе обезбедат место во плеј-офот и битката за шампионската трка.

Следниот натпревар КК Крива Паланка гостува кај ЖКК Бадел 1862 , Скопје, во среда, 14 април 2021. ид/мч/

Back to top button
Close
Close