0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Кизиќ потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер

Македонскиот репрезентативен голман Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година.

Битола, 15 април 2021 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година.

Дваесетгодишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.

– Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната, соопшти битолскиот клуб.

Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close