0_Магазин.ПорталЗанимливости

Кит кашалот починал со 100 килограми ѓубре во себе

Околните жители што минатата недела го нашле угинатото животно на плажа Сејлбоуст, нагласуваат дека ова е само уште еден од многуте докази за прекумерното загадување на океаните.

Лос Анџелес, 2 декември 2019 (МИА) – Кит кашалот починал на островот Харис, на британскиот архипелаг Надворешни Хебриди во Атлантикот, по што од него бил изваден куп од 100 килограми ѓубре.

Околните жители што минатата недела го нашле угинатото животно на плажа Сејлбоуст, нагласија  дека ова е само уште еден од многуте докази за прекумерното загадување на океаните.

– Секој ден доаѓаме на плажава и секојпат носам вреќа со себе за да собирам ѓубре. Најголем дел од него е риболовна опрема, изјави Ден Пери, локален жител.

Китот е закопан на шкотската плажа.

Последниве 10 години забележан е пораст на регистрирани уловени китови – од 204 во 2009. на 930 во 2018 година. си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close