Svet.SlajderСветСвет.Портал

Киргистанскиот претседател ги смени вицепремиерката и министерот за здравство поради бавни реакции во борбата против коронавирусот

Киргистанскиот претседател Сооронбај Жеенбеков денеска ги смени од функциите вицепремиерката Алтинај Омурбекова и министерот за здравство Космосбек Чолпонбаев откако вчера ги искритикува за нивните недоволни напори во борбата против ширењето на коронавирусот, пренесоа француските медиуми.

и министерот за здравство Космосбек Чолпонбаев откако вчера ги искритикува за нивните недоволни напори во борбата против ширењето на коронавирусот, пренесоа француските медиуми.

Указите за ослободување од функциите на Омурбекова и на Космосбек денеска беа објавени на сајтот на претседателот.

Претседателот Жеенбеков изјуви дека здравствените власти дејствувале пребавно при утврдувањето на кругот на лица со кои Киргистанците биле во контакт, а кои претходно имале  позитивни наоди на тестирањата.

До овој момент киргистанските власти информираа за вкупно 111 заразени со Ковид-19 во земјата, но не и за смртен случај. Првите зарзени лица беа откриени по нивното враќање од аџилак во Саудиска Арабија.

Оваа поранешна советска република со население од приближно шест милиони, што се граничи со Кина, е првата земја кој доби итна помош за борба со пандемијата од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ минатата недела одлучи на Киргистан да му додели помош од околу 121 милиони долари.сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close