0_Спорт.ПорталТенис

Кирјос за коронавирусот кај тенисерите во Задар: Сосема глупа одлука за одржување на ревијалниот турнир

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос како глупава ја оцени одлуката да се игра ревијален турнир во Задар организиран од Новак Ѓоковиќ. Кај неколку учесници на турнирот е пронајден коронавирус.

Канбера, 22 јуни 2020 (МИА) – Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос како глупава ја оцени одлуката да се игра ревијален турнир во Задар организиран од Новак Ѓоковиќ. Кај неколку учесници на турнирот е пронајден коронавирус.

-Сосема глупа одлука да се игра егзибициски турнир. Деца, ви посакувам брзо закрепнување, но еве што се случува ако ги игнорирате сите протоколи, напиша Кирјос на Твитер.

Од учесниците на турнирот вирусот е потврден кај бугарскиот тенисер Григор Димитров и Хрватот Борна Чориќ, како и кај неколку лица од стручните штабови, а се чекаат резултати на останатите директни или индиректни учесници. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close