0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Кипчоге се запиша во историјата

Во неговиот претходен обид во 2017 година, само 25 секунди му недостасуваа на Кипчоге, кој е олимписки шампион во маратон од Рио во 2016 година.

Виена, 12 октомври 2019 (МИА) – Елиуд Кипчоге стана првиот човек во историјата кој успеал да комплетира маратон (42,2 км) за помалку од 2 часа. 34-годишниот Кениец постигна време од 1 час, 59 минути и 40 секунди на Виенскиот маратон.

Во неговиот претходен обид во 2017 година, само 25 секунди му недостасуваа на Кипчоге, кој е олимписки шампион во маратон од Рио во 2016 година.

Откако денеска го мина финишот, четирикратниот победник на лондонскиот маратон ја прегрна својата сопруга Грејс, мавташе со кениското знаме, а другите натпреварувачи веднаш побрзаа кон него да му честитаат.

Таг
Back to top button
Close
Close