БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Кипар од понеделник ги олабавува рестриктивните мерки

Отворање на продавниците, со исклучок на трговските центри, отворање на пазарите, туристичките агенции, враќање на работа на државните службеници, можност за послободно движење на граѓаните - најмногу три пати дневно, но без да биде укинат полицискиот час, се дел од мерките што од понеделник, на 4 мај стапуваат во сила на Кипар, во рамките на првата од двете фази за постепено укинување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 30 април 2020 (МИА) – Отворање на продавниците, со исклучок на трговските центри, отворање на пазарите, туристичките агенции, враќање на работа на државните службеници, можност за послободно движење на граѓаните – најмногу три пати дневно, но без да биде укинат полицискиот час, се дел од мерките што од понеделник, на 4 мај стапуваат во сила на Кипар, во рамките на првата од двете фази за постепено укинување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис во синоќешното обраќање до јавноста го соопшти владиниот план, односно планираните две фази, на 4 и 21 мај 2020 година за постепено враќање во нормала.

Од понеделник ќе бидат дозволени и молитви во верските објекти, под услов да нема над десет лица, како и индивидуално спортување на отворено (пешачење, пливање во море, возење велосипед), додека пак, училиштата ќе почнат со работа на 11 мај.

Движењето на граѓаните и понатаму ќе биде ограничено, но се зголемува бројот на дозволени излегувања од дома, до три пати дневно преку испраќање смс порака, а полицискиот час од 22 до 6 часот, ќе биде во сила до 21 мај, кога започнува и втората фаза на мерките, а за граѓаните ќе бидат укинати сите ограничувања на движењето.

На 21 мај, ќе се отворат угостителските објекти, но само во надворешниот дел, а ќе започнат со работа фризерските салони, берберниците и козметичките салони.

Десет дена подоцна, односно од 1 јуни, планирано е да се отворат организираните плажи, целосно да почнат да функционираат пристаништата, да се отворат библиотеките, музеите, археолошките локалитети, како и обложувалниците, а ќе биде дозволено присуство на верниците на литургиите во црквите.

– Денеска правиме внимателен чекор напред. Ако сите се однесуваме со чувство на одговорност и ја покажеме истата доследност и претпазливост, не се сомневам дека ќе успееме, рече кипарскиот претседател.

Во обраќањето, Анастасиадис истакна дека владата, со истата одговорност за заштита на јавното здравје „ќе се справи и со економските последици и опасностите што ги предизвика и ги предизвикува пандемијата“ и објасни дека Министерството за финансии и сите надлежни работата на конкретен план за финансискиот дел од кризата.ср/

Back to top button
Close
Close