СветСвет.Портал

Кинезите открија два вида на коронавируси, објавија колку точни трае инкубацијата

Кинеските научници кои го проучуваат потеклото на епидемијата на новиот коронавирус велат дека откриле два главни видови кои можат да предизвикаат инфекција.

Пекинг, 4 март 2020 (МИА) – Кинеските научници кои го проучуваат потеклото на епидемијата на новиот коронавирус велат дека откриле два главни видови кои можат да предизвикаат инфекција.

Експерти од универзитетот во Пекинг и институтот Пастер во Шангај, кој работи во рамките на Кинеската академија на науките, предупредија дека со анализата опфатиле ограничен опсег на примероци, и истакнаа дека ќе треба да се спроведат дополнителни истражувања на поголем примерок за подобро да се сфати развојот на вирусот.

Прелиминарните истражувања покажаа дека поагресивниот вид на новиот коронавирус е оној кој се поврзува со појавата на болеста во Вухан и е регистриран во околу 70 проценти од анализираните примероци, додека 30 проценти се поврзани со помалку агресивниот вид на вирусот.

Тие исто така рекоа дека преваленцата на поагресивниот вид на вирусот почнала да се намалува на почетокот на јануари.

– Нашите наоди говорат и во прилог на итната потреба да се спроведат нови сеопфатни студии во кои ќе се комбинираат геномски и епидемиолошки податоци со графичка евиденција на клинички симптоми на пациенти заразени со новиот коронавирус 2019, велат кинеските научници.

Резултатите од нивната анализа се објавени во стручното списание на Кинеската академија на науките, National Science Review.

Во Пекинг денеска е објавено дека кинеските експерти утврдиле оти просечното време на инкубација на новиот коронавирус е пет до седум, со максимум 14 дена.

Ова го соопшти првиот човек на одделот за интензивна нега на кинеското медицинско здружение Ду Бин на прес-конференција.

Претходно, се сметаше дека просечната инкубација трае од два до 14 дена и може да трае до 27 дена. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close