СветСвет.Портал

Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка најниски во последните десет години

Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка во 2019 година достигнаа најниско ниво во последните десет години, покажуваат резултатите од анализата на компанијата Бекер МекКензи во партнерство со водечкиот истражувач Родиум Груп.

Пекинг, 13 јануари 2020 (МИА) – Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка во 2019 година достигнаа најниско ниво во последните десет години, покажуваат резултатите од анализата на компанијата Бекер МекКензи во партнерство со водечкиот истражувач Родиум Груп.

Инвестициите во Европа се намалија за 40 отсто, а во Северна Америка за 27 проценти минатата година и изнесувале вкупно 19 милијарди американски долари, се наведува во анализата.

Најголемите кинески инвестиции во Европа биле во Финска (5,3 милијарди долари), Шведска (1,3 милијарди), Германија и Италија (по 700 милиони долари).

Исто така, инвестициите во Ирска се зголемија за 50 отсто.

Кина во Канада и САД најмногу инвестирала во Канзас (две милијарди долари), Британска Колумбија и Калифорнија (по 700 милиони), Тенеси (400 милиони) и Мејн (200 милиони долари).

– Либерализацијата на политиката од страна на кинеската Влада ги укина претходните прагови наметнати од странски инвеститори и доведе до склучување договори во автмобилскиот и финансискиот сектор. Ова може да доведе до тоа кинеските инвестиции во странство да се вратат на повиско ниво во следните години, изјави Мајкл ДеФранко од Бекер МекКензи. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close