Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кинески здравствени работници ќе ги тестираат Саудијците на Ковид-19

Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19

Ријад, 27 април 2020 (МИА) – Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19.

Договорот предвидува 500 кинески здравствени работници да бидат ангажирани во шест лаборатории, што треба да се изградат во Саудиска Арабија.

Во Саудиска Арабија регистрирани се повеќе од 17.000 заразени луѓе со новиот коронавирус, од кои починале 130 лица. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close