0_Магазин.ПорталЗанимливости

Кинески студенти во Париз ограбени од лажни полицајци оти носеле маски за вируси

Според Кинеската амбасада во Париз, препораките на кинеските власти се дека граѓаните на Кина треба да носат маски во градовите, за да не бидат заразени од вирусот. Но, во Франција, властите сè уште не е дале препораки да се носат маски, што тука и ретко се користат, со исклучок на луѓето кои пристигнале од Кина.

Париз, 9 март 2020 (МИА) – Лажни полицајци измамиле кинески студенти кои носеле маски за заштита од вируси, наложувајќи им казни, согласно францускиот закон за забрана на покривањето на лицето на јавни места.

Заразата се појави лани во декември, во Кина.

Според Кинеската амбасада во Париз, препораките на кинеските власти се дека граѓаните на Кина треба да носат маски во градовите, за да не бидат заразени од вирусот. Но, во Франција, властите сè уште не е дале препораки да се носат маски, што тука и ретко се користат, со исклучок на луѓето кои пристигнале од Кина.

„Двајцата студенти биле ’казнети‘ со по 150 евра од лажни полицајци, врз основа на законот што забранува целосно покривање на лицето на јавни места”, се наведува на интернет-страницата на Амбасадата. Како што се нагласува, носењето медицинска маска никако не е забрането и, дека во случајов станува збор за измамници. си/

Таг
Back to top button
Close
Close