Оригинални текстови

Кинеската голема легенда

Пред 100 години, Кина сè уште беше во полуколонијално и полуфеудално општество. Во текот на изминатите 100 години, Комунистичката партија на Кина го поведе кинескиот народ целосно да ја смени трагичната судбина на поробување и малтретирање и тргна по широка авенија кон големо подмладување на кинеската нација.

Скопје, 29 јуни 2021

Кина е голема земја со историја од повеќе од 5.000 години цивилизација, и долго време во историјата е во првите редови на светот. Од Опиумската војна во 1840 година со Велика Британија, Кина западна во опасна ситуација на сиромаштија и слабост, внатрешни превирања и надворешни проблеми, па дури дојде и до точка на потчинување и истребување. Откако беше основана Комунистичката партија на Кина во 1921 година, таа го водеше кинескиот народ низ мачни борби, а кинеската нација постигна голем скок од исправување, богатење и станување силна.

Јас би сакал да ја раскажам легендата за Комунистичката партија на Кина, која се трансформира од револуционерна партија во владејачка партија со развој и управување. Прво, да ја разгледаме епската борба во Кина која трае еден век.

Пред 100 години, Кина сè уште беше во полуколонијално и полуфеудално општество. Во текот на изминатите 100 години, Комунистичката партија на Кина го поведе кинескиот народ целосно да ја смени трагичната судбина на поробување и малтретирање и тргна по широка авенија кон големо подмладување на кинеската нација.

Првата точка е да се поддржи социјализмот со кинески карактеристики. По основањето на КПК, таа го обедини и го водеше народот во текот на 28 години крвави битки. Во 1949 година е основана Народна Република Кина, реализирајќи ја големата трансформација од феудална автократија илјадници години во демократија на народот. Оттогаш, КПК го водеше народот да ја заврши социјалистичката револуција, го воспостави основниот социјалистички систем и ја промовираше конструкцијата на социјализмот, постигнувајќи го големиот пресврт на кинеската нација од пад во сила со пресврт на сопствената судбина. Од 1978 година, спроведена е голема револуција со “реформа и отворање“ и успешно се создаде социјализам со кинески карактеристики. Кина направи големи чекори за да може да се носи со времето. Од 18-от Национален конгрес на КПК во 2012 година, под водство на Централниот комитет на Партијата со Ши Џинпинг во неговото јадро, Кина постигна серија на нови историски достигнувања во развојот. И социјализмот со кинески карактеристики влезе во нова ера.

Само оној кој ги носи чевлите знае дали тие се удобни. Токму луѓето на една земја се во најдобра позиција самите да судат за патот на развој што го избрале за себе. Комунистичката партија на Кина отсекогаш била лидер и столб на кинескиот народ и кинеската нација. Најсуштинската карактеристика на социјализмот со кинески карактеристики е водството на КПК, што е и најголема предност на социјалистичкиот систем со кинески карактеристики. Како владејачка партија во најнаселената земја, КПК има храброст да се револуционизира, да се придржува кон владеењето на правото, да спроведува сеопфатни антикорупциски кампањи и да промовира модернизација на системот на национално управување и способностите за раководење. Заклучок на историјата е дека само социјализмот може да ја спаси Кина, и само со поддржување и подобрување на социјализмот со кинески карактеристики може да се реализира големото подмладување на кинеската нација. Тоа е исто така насока за иднината на Кина.

Втората точка е да се поддржи заедничкиот просперитет за сите луѓе. Пред повеќе од 2.000 години, во античката „Книга на песните“, се пее дека „луѓето работат напорно и бараат живот во благосостојба“. Ова е потеклото на поимот „добростоечко општество“ за кој често зборуваме денес. А добростоечкото општество во сите погледи го носи милениумскиот сон на кинеската нација да биде просперитетна и да живее и работи во мир и задоволство. Уште од раните денови, КПК го презеде како своја одговорност подобрувањето на егзистенцијата на луѓето. Откако КПК дојде на власт во 1949 година, кинескиот народ уживаше невидено достоинство и права. Тоа не е помалку од чудо во историјата на човештвото. Во 2020 година, Кина ја постигна целта за намалување на сиромаштијата според Агендата на Обединетите нации за 2030 година за одржлив развој, и тоа 10 години пред предвидениот рок. БДП по глава на жител надмина 10.000 УСД (американски долари). И над 400 милиони луѓе влегоа во групата со среден приход. Почнувајќи од глад и недоволно облека, до добростоечко општество во сите погледи, постигнати се големи историски достигнувања.

Со брзиот економски и социјален развој, кинескиот народ сега е во првите редови според среќата и благосостојбата. Кина има 998 милиони корисници на Интернет. Руралните и урбаните средини ја уживаат иста брзина на Интернет. Дигиталната мрежа на Кина е на врвот во светот според обемот, квалитетот и апликациите. Кина исто така изгради национален систем за социјално осигурување и образовен систем што ја опфаќаат најголемата популација во светот. Повеќе од 1,3 милијарди Кинези се опфатени со основното медицинско осигурување. Со единствена картичка за социјално осигурување, можете да аплицирате за повеќе од 100 услуги, како што се вработување и медицински надомест. Соочени со тешки предизвици како што се борба против епидемијата, борба против сиромаштијата, управување со технолошкиот развој и управување со животната средина, Комунистичката партија на Кина се придржува до вредностите на „луѓето први“ и „животот прв“ и ги штити здравјето и достоинството на сите.

Третата точка е да се држиме до мирниот развој работејќи напорно. Во раните денови на Нова Кина, тоа беше поразителен хаос по повеќе од 100 години војна и хаос. Сепак, под раководство на Комунистичката партија на Кина, кинескиот народ целосно ја прекина понижувачката дипломатија на старата Кина и ги укина привилегиите на странските сили и нееднаквите договори во Кина. Прекинувајќи ја блокадата и изолационата политика на западните земји, поддржувајќи ја самостојноста и трудољубивоста, Кина се разви во втора по големина економија во светот, најголема трговска земја со стоки и дестинација за најголем прилив на странски капитал. Таа е единствената земја во светот што ги има сите индустриски категории во индустриската класификација на Обединетите нации, со повеќе од 220 индустриски производи е на прво место во светот според производството. Минатата недела кинеските астронаути за прв пат влегоа во основниот модул Тијанхе на вселенската станица. „Тијанвен-1“(“Tianwen-1”) започна истражување на Марс. И „Хаидoу-1“ (“Haidou-1″) самостојната подморница за длабоко море во длабочина го заврши испитувањето на морето достигнувајќи длабочина од 10.907 метри.

Кина непоколебливо го следи патот на мирниот развој, спроведува заемно корисна стратегија за отворање и застанува на свои нозе меѓу народите во светот. Развојот на Кина се потпира на духот на силна волја „800 милиони кошули за еден патнички авион Боинг“. Генерации на Кинези постојано се борат, намалувајќи повеќе од 70% од глобалната сиромаштија и придонесуваат со 30% во светскиот економски раст повеќе од 10 последователни години. Со чувство на одговорност за „носење сопствени товари“, Кина користи 9% од обработливото земјиште во светот за да нахрани скоро 20% од светската популација. Кина се развива себеси не преку присилна продажба и купување или грабеж на други земји. Кина не го следеше стариот пат на империјализам и колонијализам или едноставно копирање на моделот на развој на западните земји. Во духот на кинеската изрека „преминување на реката напипувајќи ги камењата” (на нова територија се оди полека), Кина исцрта сопствен курс на развој и разгори уникатна патека за 1,4 милијарди Кинези за забрзување на нивната модернизација.

Второ, да го разгледаме придонесот на Кина во заштитата на нашата планета од перспектива на одговорност. Свечена обврска на Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ е да дадат нови и поголеми придонеси за човештвото. Кина го поддржува концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото и активно дава кинески придонеси во грижата за нашата матична планета. Прво, Кина го поддржува меѓусебното учење меѓу цивилизациите и отсекогаш била градител на мирот во светот. Од првите денови на Нова Кина, Кина ја воспостави својата независна надворешна политика на мир. Во текот на изминатите 70 години, Кина не предизвика ниту една војна или конфликт, и не нападна ниту една педа странска земја. Кина е посветена на решавање на споровите за територијална и морска разграничување преку преговори и консултации. Кина е втор најголем придонесувач за редовните буџети на ООН, втор најголем буџетски придонесувач за мировните операции на ООН и најголем придонесувач за мировниците меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност.

Пред повеќе од 2100 години, Кинезите го отворија Патот на свилата за да ги унапредат цивилизациските размени меѓу Истокот и Западот на еднакво рамниште, а во 101 година од н.е., македонски караван пристигна во Луојанг, тогашната престолнина на Кина, оставајќи прекрасен запис за пријателските размени меѓу Кина и Европа. Пред повеќе од 600 години, Џенг Хе, познатиот кинески морепловец од династијата Минг, ја предводеше најмоќната флота во светот на Запад и посеа семе на мир и пријателство. Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ се сосема свесни за вредноста на мирот и не „увезуваат” странски модели, ниту „извезуваат” кинески модел и никогаш нема да побараат од другите земји да ги копираат кинеските практики. Кина никогаш нема да побара хегемонија, нема да ги проширува или да бара сфери на влијание и нема да се вклучи во трка за вооружување.

Второ, Кина секогаш ќе биде придонесувач за глобалниот развој преку добитна соработка вин-вин, која носи корист за сите вклучени страни. Од основањето, кинеската комунистичка партија ги има на ум светскиот мир и развој. Како прва земја што го стави својот потпис на Повелбата на ООН, Кина никогаш не се оддалечила од меѓународните обврски, ниту побарала од другите да изберат страна. Во 2001 година, Кина се приклучи на Светската трговска организација (СТО) и започна да учествува пообемно и подлабоко во меѓународната економска и трговска размена и соработка. Кина се спријателува во меѓународната заедница, воспостави дипломатски односи со 180 земји и разни партнерства со над 110 земји.

Кина предложи да се изгради заедница со заедничка иднина за човештвото и Иницијативата за Појас и Пат, што доби огромно признание и позитивен одговор од меѓународната заедница. Кина поттикнува нова парадигма за развој со домашна циркулација како столб, и домашни и меѓународни циркулации што се зајакнуваат едни со други, носејќи им повеќе можности на сите земји да ги споделат придобивките од висококвалитетниот економски развој на Кина. Кина има потпишано над 200 документи за соработка во рамките на Појас и Пат со над 170 земји и меѓународни организации и директно инвестираше над 110 милијарди американски долари во партнерските земји. Според истражувањето на Светска банка, иницијативата ќе им помогне на 7,6 милиони луѓе да ги извлече од екстремна сиромаштија и 32 милиони од умерена сиромаштија.

Трето, Кина ги поддржува правичноста и правдата и отсекогаш била бранител на меѓународниот поредок. Кина е силен поддржувач на еднаквоста и правдата за човештвото, се придржува до Петте принципи на мирен соживот, никогаш не се меша во внатрешните работи на други земји и никогаш не дозволува други земји да се мешаат во внатрешните работи на Кина. Таа е посветена на поддржување на меѓународниот систем насочен кон ООН, меѓународниот поредок изграден врз меѓународното право и мултилатералниот систем за трговија со СТО во неговото јадро. Придржувајќи се кон владеењето на правото, Кина се приклучи на скоро сите меѓувладини организации и над 500 меѓународни договори.

Кина инсистира на тоа да се спротивстави на злоупотребата на малите и слабите, додека се залага за дијалог наместо конфликт, консултации наместо принуда и добитна вин-вин соработка од која сите ќе имаат придобивки наместо ситуации во кои добивката на едната страна, ќе значи загуба за другата страна. Соочена со епидемијата КОВИД-19, Кина активно соработуваше со СЗО и другите земји во борбата против епидемијата, обезбеди снабдување со итни антиепидемиски материјали во повеќе од 160 земји и меѓународни организации, донираше вакцини во повеќе од 80 земји и три меѓународни организации, извезе вакцини во повеќе од 50 земји и соработуваше со повеќе од 10 земји во истражувањето и развојот на вакцините. Кина е посветена на глобалниот еколошки развој и се обидува да ја спроведе Целта 2030 година за наменети национално утврдени придонеси во борбата против климатските промени и ќе се обиде да ги достигне врвните емисии на јаглерод диоксид пред 2030 година и да постигне јаглеродна неутралност пред 2060 година.

Трето, Да ја разгледаме мудроста на Кина за градење на подобар свет од “Две стогодишни цели”. Започнувајќи ново патување кон целта за целосно градење на модерна социјалистичка земја, првата фаза е во основа да се реализира социјалистичката модернизација до 2035 година. Во втората фаза од 2035 година до средината на 21 век, ќе работиме напорно и ќе ја развиеме Кина во голема модерна социјалистичка земја која е просперитетна, силна, демократска, културно напредна, хармонична и убава. Ова значи дека ќе напишеме подобро и поубаво поглавје од нашето време.

Првата цел е да се поддржи мултилатерализмот и да се создаде заедничка иднина. Треба да ја зајакнеме нашата доверба во патот на социјализмот со кинески карактеристики, да го почитуваме правото на луѓето од сите земји да изберат сопствен развоен пат и да ги здружиме рацете со сите земји во промовирање на градењето на заедница со заедничка иднина за човештвото. Како најголема земја во развој во светот, кинескиот БДП по глава на жител се уште е рангиран на повеќе од 60. Кина сепак го става својот најголем приоритет на концентрирање на напорите во потрага по сопствен развој, промовирање на заеднички просперитет за сите и овозможување на луѓето да живеат подобар живот. Земјите треба да го поддржуваат и почитуваат мултилатерализмот, да ги чуваат моралните стандарди и да се усогласат со меѓународните норми, да дозволат различните развојни патеки да се стремат кон успехот како иста цел, да дозволат луѓето од сите земји да ги споделат плодовите на развојот.

Втората цел е да се продолжи со отворен и иновативен развој, да се создаде поврзана иднина. Треба да ја зајакнеме нашата доверба во теоријата на социјализмот со кинески карактеристики, цврсто да се спротивставиме на формирање мали клики. и блок-политика со идеологија како мерило. Кина останува посветена на новата развојна филозофија на иновативен, координиран, зелен, отворен и заеднички развој, ја искористува историската можност за нов циклус на технолошка револуција и индустриска трансформација, промовира зелено закрепнување на светската економија во периодот по КОВИД. Кина ја промовираше трговијата и либерализацијата и олеснувањето на инвестициите, ја продлабочи регионалната економска интеграција, го зајакна снабдувањето, индустриските, синџирите на податоци и човечки ресурси и ја промовираше поврзаноста со инфраструктурата, со цел изградба на отворена светска економија.

Третата цел е да застанеме заедно и да ги здружиме рацете за да создадеме мирна и хармонична иднина. Треба да ја зајакнеме нашата доверба во системот на социјализам со кинески карактеристики, да ги заштитиме суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина, да ја промовираме новата форма на меѓународни односи со добитната вин-вин соработка како јадро. Кина го следи принципот на постигнување на заеднички раст преку дискусија и соработка при вклучување во глобалното управување, ја отфрла доминацијата од само една или неколку земји. Кина го следи новиот пат на односи меѓу државите со дијалог наместо конфронтација и партнерство наместо сојуз. Кина ги почитува вредноста и достоинството на животот на секој поединец, ја зајакнува меѓународната соработка во борбата против Ковид-19 и истражувањето и развојот на вакцините и гради глобална заедница на здравје за сите. Кина ќе работи заедно за да се изгради глобална еколошка цивилизација и да изгради заедница на живот за човекот и природата.

Четвртата цел е да се придржуваме кон еднаквоста за да создадеме иднина на меѓусебно почитување и меѓусебно учење. Треба да ја зајакнеме нашата доверба во културата на социјализам со кинески карактеристики, да ги зајакнеме културните размени меѓу Истокот и Западот, да бараме заеднички јазик, додека ги намалуваме разликите. Кина се залага за еднаквост на сите земји, големи или мали, силни или слаби, богати или сиромашни, не паѓа во стапица на “судир на цивилизациите”, ги зајакнува меѓукултурните размени кои се карактеризираат со хармонија во рамките на различноста, инклузивност и меѓусебно учење, поддржувајте ги вредностите на мир, развој, правичност, правда, демократија и слобода кои сите ние ги споделуваме. Светот е разновиден по природа и оваа разновидност треба да ја претвориме во постојан извор на инспирација што го движи човековиот напредок. Ова ќе обезбеди човечките цивилизации да останат разнобојни и разновидни.

1 јули 2021 година е 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина. Како најголема владејачка партија во светот, КПК е посветена на долгорочната кауза на кинеската нација, и ќе го води кинескиот народ да работи неуморно за мирот и развојот на човештвото. Од новата почетна точка на стогодишнината од основањето на КПК, до стогодишнината на Народна Република Кина, нашите оригинални стремеж и мисија се конзистентни, тоа е да бараме среќа за кинескиот народ и подмладување на кинеската нација. До 100-фодипнината од основањето на Народна Република Кина на 1 октомври 2019 година, Кина ќе стане модерна и моќна социјалистичка земја, и ќе испише нова и поубава легенда во историјата на човечкиот развој. Исто така, Кина е подготвена да работи со луѓето од сите други земји за да се изгради заедница со заедничка иднина за човештвото.

Автор: Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Република Северна Македонија, по повод 100-годишнината од формирањето на Комунистичката партија на Кина

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close