СветСвет.Портал

Кина повторно ја обвини Индија за граничниот конфликт и повика на мир

Кина денеска повторно ја обвини Индија дека предизвикала конфликт на границата на 15 јуни, во кој најмалку 20 војници беа убиени, но го повика Њу Делхи да се најдат на половина пат за враќање на мирот долж спорната граница на Хималаите.

Пекинг, 24 јуни 2020 (МИА)Кина денеска повторно ја обвини Индија дека предизвикала конфликт на границата на 15 јуни, во кој најмалку 20 војници беа убиени, но го повика Њу Делхи да се најдат на половина пат за враќање на мирот долж спорната граница на Хималаите.

Министерството за надворешни работи на Кина објави подолго објаснување за кинескиот поглед на инцидентот, но со малку нови информации.

Кина повтори дека конфликтот се случил на нејзина страна на контролната линија на 15 јуни и дека индиските сили влегле во кинеската територија нелегално.

Во дневниот брифинг,  Министерството соопшти дека „одговорноста во целост е на индиската страна“.

Кина исто така наведува дека „несовесните активности на индиската војска сериозно ги прекршиле договорите потпишани меѓу двете држави и основните принципи на меѓународните односи“.

Командантите на спротивставените страни, во понеделникот, на нивниот прв состанок од почетокот на конфликтот, се согласија да ги повлечат своите сили. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close