Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кина повика на воздржаност и зачувување на мирот по убиството на иранскиот генерал

По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејман во американскиот напад во Ирак, Кина денеска соопшти дека доследно се спротивставува на употребата на сила во меѓународните односи и сите инволвирани страни ги повика на воздржаност.

Пекинг, 3 јануари 2020 (МИА) – По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејман во американскиот напад во Ирак, Кина денеска соопшти дека доследно се спротивставува на употребата на сила во меѓународните односи и сите инволвирани страни ги повика на воздржаност.

„Кина ги повика релевенатните страни, особено САД, да останат мирни и да покажат воздржаност за да се избегне натамошна есклација на тензиите“, изјави денеска Џенг Шуанг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на прес конференција во Пекинг.

Тој додаде дека мирот и стабилноста во регионот мора да се зачуваат, пренесоа британските медиуми.

Во воздушен напад изведен утринава од американски авиони во Ирак е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната единица Кудс, на иранската Револуционерна гарда. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close