0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Кина најуспешна по вториот натпреварувачки ден на Игрите во Токио

Со шест златни медали, Кина е најуспешната земја по два натпреварувачки дена на Олимписките игри во Токио.

Токио, 25 јули 2021 (МИА) – Со шест златни медали, Кина е најуспешната земја по два натпреварувачки дена на Олимписките игри во Токио.

Покрај златните, Кинезите освоија и еден сребрен и четири бронзени медали.

Второто место на листата медалисти е за домаќинот Јапонија со пет златни одличја. Јапонците имаат и еден сребрен медал.

На третото место се наоѓаат САД со четири златни. Американците имаат и два сребрени и четири бронзени медали.

Република Кореја има две злата.

Следуваат 12 држави со по еден златен медал.

Вкупно 40 држави имаат освоено барем еден медал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close