СветСвет.Портал

Кина минатата година со најмал економски раст

Кина минатата година забележа најмал економски раст во последните децении, по избувнувањето на трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Пекинг, 17 јануари 2020 (МИА) – Кина минатата година забележа најмал економски раст во последните децении, по избувнувањето на трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Втората најголема економија во светот минатата година имаше раст од 6,1 процент, додека нејзиниот раст од 6,6 проценти во 2018 година веќе беше најнизок од 1990 година, покажуваат податоците што денеска ги објави кинеската Влада.

Се очекува да дојде до јакнење на кинеската економија откако Кина и САД во средата потпишаа привремен трговски договор, што претставува примирје во војната на двете сили поради технолошките амбиции и трговскиот суфицит на Пекинг.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го откаже планираното зголемување на царините за дополнителни кинески производи, додека Пекинг вети дека ќе купува повеќе американски производи, пред се земјоделски, иако и двете држави ги задржаа казнените царини. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close