Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кина: Казни за сите кои не ги почитуваат наредбите во борбата против коронавирусот

Кинеската комисија за надзор соопшти дека  најостро ќе ги казни сите државни службеници и функционери кои на своите работни места нема да ги почитуваат мерките пропишани во борбата против коронавирусот.

Пекинг, 30 јануари 2020 (МИА)  – Кинеската комисија за надзор соопшти дека  најостро ќе ги казни сите државни службеници и функционери кои на своите работни места нема да ги почитуваат мерките пропишани во борбата против коронавирусот.

Во соопштението на Главниот инспекторат се наведува дека сите кои нема да ги почитуваат и извршуваат упатствата на кинескиот претседател Си Џинпинг во борбата против коронавирусот ќе бидат казнети, пренесоа британските медиуми.

Инспекторатот, исато така, наведува дека ќе биде казнет секој кој не ја извршува својата должност и ги злоупотребува средствата и материјалите наменети за спасување.

Од коронавирусот во Кина досега починаа 170 лица, а заболени се повеќе од 7.700.

Кинеските здравстени власти денеска соопштија дека вирусот се проширил во сите 31 провинција во земјата. сд/

Back to top button
Close
Close