Svet.SlajderСвет

Кина испрати дипломатски протест до Претставничкиот дом на Конгресот на САД

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека земјата испрати сериозни дипломатски протести до Претставничкиот дом на Конгресот на САД поради усвојувањето на законот за забрана за увоз на стоки произведени во кинеската провинција Синџијанг со наводна употреба на присилна работа.

Пекинг, 23 септември 2020 (МИА)Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека земјата испрати сериозни дипломатски протести до Претставничкиот дом на Конгресот на САД поради усвојувањето на законот за забрана за увоз на стоки произведени во кинеската провинција Синџијанг со наводна употреба на присилна работа.

Портпаролот на кинеското Министерство Ванг Венбин на прес-конференција рече дека наводите за присилна работа во Синџијанг се лажни гласини кои доаѓаат од некои кругови во САД и други западни земји.

– Кина ќе ги преземе сите потребни мерки за поддршка на правата на кинеските компании и за заштита на нејзиниот суверенитет и развојни интереси, додаде Ванг.

Провинцијата Синџијанг е претежно населена со Ујгури, кои се со исламска вероисповед, а една фондација со седиште во Вашингтон неодамна изнесе тврдење, слично како и во Синџијанг, дека стотици илјади Тибетанци, наводно, се присилно притворени во работни логори, наведува Би-Би-Си. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close