СветСвет.Портал

Кина го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите

Кина, поради епидемијата на коронавирусот, го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите до неопределено, соопшти кинеското Министерство за образование.

Пекинг, 28 јануари 2020 (МИА) – Кина, поради епидемијата на коронавирусот, го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите до неопределено, соопшти кинеското Министерство за образование.

Пекинг вчера соопшти дека распустот за кинеската Нова година ќе го продолжи до 2 февруари, меѓутоа денеска почетокот на наставата е одложен до натамошно известување.

„Универзитетите и високошколските установи под покровителство на Министерството треба на соодветен начин да го одложат почетокот на пролетниот семестар“, се вели во соопштението.

Според последниот биланс, Во Кина починаа 106 лица од коронавирус, додека потврдени се 1.300 нови заразени случаи.

Градот Вухан, со 11 милиони жители, каде што е регистриран првиот случај на заболен од овој вирус, пред пет дена е ставен во карантин. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close