СветСвет.Портал

Кина ги враќа своите граѓани од регионите погодени од новиот коронавирус

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека ќе обезбеди чартер летови за враќање дома од странство на жителите од регионите погодени со коронавирусот.

Пекинг, 31 јануари 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека ќе обезбеди чартер летови за враќање дома од странство на жителите од регионите погодени со коронавирусот.

Во кусото соопштение се изнесуваат малку детали , но се вели дека кинеските државјани со потекло од провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град Вухан ќе бидат вратени директно во Вухан поради „практични проблеми“ со кои се соочуваат.

Повеќето случаи на коронавирусот регистрирани кај луѓе во странство се откриени кај оние кои патувале од Вухан. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close