0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Кина ги откажа сите меѓународни спортски настани

Единствен исклучок ќе бидат пробите за Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг и соседниот Џенџијаку.

Пекинг, 9 јули 2020 (МИА) – Кина ги откажа сите меѓународни спортски настани што беа планирани да се случат до крајот на оваа година.

Единствен исклучок ќе бидат пробите за Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг и соседниот Џенџијаку.

Наредбата на Министерството за спорт вклучува шест тениски турнири за жени, финалето на ВТА во Шенжен во ноември, како и четири турнири на АТП.

Беа планирани два големи турнири за голф во Шангај, Светското првенство за голф и ЛПГА.

Азиското првенство во искачување требаше да се одржи во Сјамен во октомври, а финалето на Светската турнеја за Бадминтон требаше да се одржи во Гвангжу во декември.

Исто така, значи дека трката во Формула 1 во Шангај, која беше одложена во октомври, нема шанси да се одржи, и нема да има две трки со велосипедисти закажани за октомври.

Во Кина успеаја да ја контролираат ситуацијата кога станува збор за коронавирусот, но остануваат претпазливи за можноста инфекцијата да дојде однадвор.

Таг
Back to top button
Close
Close