Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кина ја направи првата зделка со купување американска соја

Кина ја направи првата зделка со купување големо количество американска соја, откако претседателот Доналд Трамп и кинескиот колега Си Џинпинг претходно месецов договорија примирје во трговската војна.

Чикаго, 13 декември 2018 (МИА) – Кина ја направи првата зделка со купување големо количество американска соја, откако претседателот Доналд Трамп и кинескиот колега Си Џинпинг претходно месецов договорија примирје во трговската војна.

Зделката им носи олеснување на американските земјоделци, кои тешко наоѓаат купувачи за рекордно големата реколта.

Трамп пред неколку дена изјави дека Кинезите веќе купуваат „огромни количества” американска соја, а наскоро ќе се намалат и царинските давачки за американските автомобили.

Купување на над 1,5 милион тони соја е конкретен доказ дека Кина ги почитува ветувањата, кои според Владата на САД, кинескиот претседател ги дал на средбата со Трамп на 1 декември. ир/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close