0_Спорт.ПорталФудбал

Кин за Тотенхем: Немаат доволно лидери, карактер, добри дефанзивци

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рој Кин, зборуваше за работата на Жозе Мурињо како главен тренер на Тотенхем.

Лондон, 13 април 2021 (МИА) – Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рој Кин, зборуваше за работата на Жозе Мурињо како главен тренер на Тотенхем.

– Тој очигледно е разочаран. Месецот се покажа тежок за тимот. Натпреварот со Манчестер јунајтед не беше толку лош, но не можеа да победат. Мурињо има добар учинок, тој дојде во овој тим да се бори. Шестото или седмото место не е она за што е поканет. Жозе отсекогаш имал одлични дефанзивци, вистински играчи за врска. Тотенхем не е доволно силен. Тие не се доволно силни, освен Сон и Кејн. Им фалат лидери, силен карактер. Одбраната не им е на ниво, истото важи и за голманот.

Сепак, ако јас одлучувам, би го оставил Мурињо подолго. Има извонредна биографија и може да направи конкурентен тим ако му се дади подолго време, изјави Кин.

По 31 коло во англиската Премиер лига, Тотенхем се наоѓа на седмото место со 49 бодови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close