БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Ким: Имаше американски знамиња, но САД не е вмешана во организација на протестот

Во врска со протестот што синоќа во Тирана го организираше претседателот Илир Мета, реагираше американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, посебно околу веењето американски знамиња.

Тирана,3 март 2020 (МИА) – Во врска со протестот што синоќа во Тирана го организираше претседателот Илир Мета, реагираше американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, посебно околу веењето американски знамиња.

Во објава на Твитер амбасадорката наведува дека САД подржуваат мирни протести,но оти не се вмешани во негова организација.

„Бев изненадена кога видов американски знамиња на денешниот настан. За да биде јасно и да се избегнат недоразбирања, САД поддржуваат мирни протести, но немаат никаква врска со организирање на овој настан“,напиша американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, пренесува телевизијата Ора њуз.

За време на протестот, освен многуте албански знамиња можеше да се видат и амеркански, а во еден момент Мета развеа американско знаме велејќи „Албанија е прва, втора е Америка. Правам нешто за Америка“.

За дел од аналитичарите американското знаме е намерно употребено и оти тоа било вишок. Според други, пак, американското знаме е таму во чест на имигрантите кои дошле од преку океанот.

Додаваат дека амбасадорката Јури Ким е со кус дипломатски стаж во Албанија и оти ќе научи за време на својата дипломатска служба дека во „Албанија нема политичар,возрасен или дете, кои не го сакаат американското знаме“.вт/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close