0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

„Кикер“ не го вклучи Холанд во тимот на сезоната

Изненадувачки, во тимот не се најде Ерлинг Холанд, кој постигна 13 голови и направи 3 асистенции на 15 натпревари.

Дортмунд, 2 јули 2020 (МИА) – Популарното германско списание „Кикер“ го одреди својот идеален тим за минатата сезона во Бундеслигата.

Изненадувачки, во тимот не се најде Ерлинг Холанд, кој постигна 13 голови и направи 3 асистенции на 15 натпревари.

Најверојатно, новинарите не го вклучиле напаѓачот на Борусија (Дортмунд), поради фактот што тој играше само напролет.

Половина од екипата ја сочинуваат играчи од Баерн (Минхен), кои ја освоија титулата со предност од 13 поени во однос на второпласираниот тим од „Сигнал Идуна Парк“.

Составот (4-2-3-1):

Мануел Ноер (Баерн)
Бенџамин Павар (Баерн)
Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах)
Матс Хумелс (Дортмунд)
Алфонсо Дејвис (Баерн)
Џошуа Кимих (Баерн)
Марсел Забицер (Лајпциг)
Џејден Санчо (Дортмунд), Томас Милер (Баерн), Тимо Вернер (Лајпциг)
Роберт Левандовски (Баерн)

Таг
Back to top button
Close
Close